Џонов: Атмосферата е на повисоко ниво, прво триумф над Радовиш, па ќе мислиме за Охрид

Ракометарите на Тинекс Пролет во одлична атмосфера го дочекуваат денешниот меч со Радовиш (18.30 часот, сала „Македонско Сонце“). Без оглед на убедливиот пораз од Вардар во минатата рунда, напредокот во играта во однос на крајот од ланската година е очигледен, што дава оптимизам дека Тинекс Пролет ќе биде на висина на задачата на најважните натпревари сезонава.

Јасно е дека избраниците на Лембанов ќе ја имаат фаворитската улога на пресметката со „фенерџијата“ Радовиш, што ќе биде увертира за гостувањето против Охрид викендов, дуел што ќе биде решавачки во трката за место во плејофот.

„Атмосферата во екипата е крената на едно повисоко ниво, работевме напорно во текот на подготовките и тоа е забележливо и на првите средби во новата година. Радовиш е последен на табелата, квалитетот е на наша страна, но тоа не значи дека треба да се опуштиме. Овој ривал никако не смее да се потцени, мораме да одиграме квалитетни 60 минути и со тоа уште повеќе да си ја кренеме самодовербата пред дуелот со Охрид. Мечот со охриѓани ќе биде најважен за нас, но одиме чекор по чекор, најпрвин да го победиме Радовиш, а потоа целосно ќе се фокусираме на таа средба“, истакнува Иван Џонов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6217
2РК Прилеп13
3МРК Куманово11
4РК Радовиш10
5РК Струга8
6РК Фруит Ленд Борец0

Најнови вести

Архива на вести