Убедлив триумф над Тиквеш на „генералката“ пред вториот дел од сезоната

Тинекс Пролет забележа победа од 30-23 над Тиквеш, во првиот и единствен подготвителен натпревар што избраниците на тренерот Лембанов ќе го одиграат во овој подготвителен период во пресрет на вториот дел од сезоната. Тинекс Пролет на овој меч настапи без Пецаковски и без Пејовиќ, во таборот на Тиквеш недостигаше пивотот Стефановиќ, но нашите ракометари беа на висина задачата, го контролираа резултатот и заслужено стигнаа до победата.

Скопскиот клуб беше подобар во текот на целиот натпревар, а ефикасниот напад беше причина на одмор да се замине со водство од 16-13. Лембанов има од што да биде задоволен бидејќи во вторите 30 минути профункционира и одбраната, гостите од Кавадарци постигнаа само десет гола за цело полувреме, па Тинекс Пролет го доби овој меч со убедливи седум гола позитива.

Следен предизвик за екипата на Тинекс Пролет ќе биде првиот меч од вториот дел од сезоната, на домашен терен против Струга што на програмата ќе биде наредната среда.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести