Лембанов останува шеф на стручниот штаб, Темелковски се враќа во Тинекс Пролет

Алексо Лембанов ќе продолжи да го води Тинекс Пролет и во вториот дел од натпреварувачката сезона, одлучи управата на клубот по консултациите и разговорите што ги имаше во изминатиот период. Екипата на Тинекс Пролет денеска ќе ги стартува подготовките за вториот дел, под водство на младиот стручњак кој го водеше тимот и во последните натпревари од 2021 година.

Лембанов пристигна во клубот пред повеќе од една година и беше дел од стручниот штаб на Матлиески, Кастратовиќ и на Андон Бошковски, а токму по прекинот на соработката со Бошковски беше донесена одлука тој да остане и да добие шанса како прв тренер. Иако резултатите беа променливи, напредокот во играта беше значителен, што е главна причина Лембанов да биде задржан на клупата и да добие шанса до крајот на сезонава.

„Ние сме клуб што секогаш им дава шанса на младите македонски играчи, сега сакаме да му дадеме можност за докажување и на млад македонски тренер. Лембанов е стратег што поседува квалитети што ние ги препознаваме и веруваме дека под негово водство тимот ќе стигне до посакуваните резултати во вториот дел од сезоната“, изјавија од управата на РК Тинекс Пролет.

Во клубот по неколкугодишна пауза се враќа и Илија Темелковски, поранешниот селектор на Македонија кој долги години седеше на клупата на Тинекс Пролет. Темелковски ќе ја изавршува функцијата стручен координатор на сите селекции во РК Пролет, како дел од стручната комисија при управниот одбор на клубот.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар16
2Алкалоид14
3Е. Пелистер13
4Бутел11
5Охрид11
6Тинекс Пролет7
7Прилеп6
8Е. Пелистер 26
9Тиквеш4
10Струга4
11Куманово2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести