Tриумф над Скопје за враќање на самодовербата (34-26)

Тинекс Пролет се врати на победнички патеки во Супер-лигата, по денешниот триумф на домашен терен над Скопје со 34-26. Трите порази во низа беа доволна мотивација за да се прекине серијата слаби игри и резултати, тренерот Лембанов имаше успешно деби, за враќање на самодовербата пред неколкуте важни натпревари што следат.

Тинекс Пролет беше подобар тим она почетокот од мечот, отвори со брзо водство од 2-0, но гостинските ракометари јасно покажаа дека немаат намера да се предадат без борба. Најубедливто водство во првиот дел беше 7-4, но Скопје успеа да се врати и за момент да поведе со 8-9. Лембанов побара тајмаут, веднаш потоа Џонов и Голубовиќ постигнаа по три гола до крајот на полувремето, на одмор заминувајќи со водство од 16-14.

Домаќините го отворија подобро и второто полувреме, набрзина стигнувајќи и до најубедливи пет гола разлика (21-16). Скопје намали на 21-18, но капитенот Ласко Андоновски погоди во вистински момент, враќајќи ја самодовербата и не дозволувајќи гостите целосно да се вратат во мечот. Лембанов побара тајмаут при водство од 25-20, по што веднаш следеа уште три брзи гола и водство од убедливи 28-20. Доминацијата продолжи до самиот крај, преку Доне Мајнов домашните ракометари во 56. минута поведоа со двоцифрена предност (33-23), за Пролет на крајот да триумфира со конечни 34-26.

Иван Џонов одигра одлично и со девет гола беше главна фигура на овој натпревар, Палевски реализираше шест, а Голубовиќ пет погодоци за Тинекс Пролет.

Тинекс Пролет во следното коло ќе му гостува на тимот на Прилеп.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар26
2Е. Пелистер23
3Охрид21
4Алкалоид20
5Тиквеш14
6Бутел13
7Е. Пелистер 212
8Прилеп10
9Тинекс Пролет9
10Струга4
11Куманово4
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести