Пораз во жестока битка од градскиот ривал Бутел (20-24)

Тинекс Пролет не успеа да стигне до триумф на денешната пресметка со Бутел, во која нашите ракометари по голема битка претрпеа пораз од 20-24. Пресудно се покажа второто полувреме во кое гостите успеаја да се одлепат резултатски, а Тинекс Пролет и покрај обидите не успеа да се врати и да избегне пораз. 

Дуелот почна со подобра игра на избраниците на Андон Бошковски, кои во неколку ситуации имаа предност од два гола. Јане Цветковски доби предност пред Петковски и имаше добри интервенции на почетокот на овој меч, што го одбележаа цврстите одбрани на двете страни. И покрај обидите, Тинекс Пролет не успеа посериозно да се одлепи, а Бутел го искористи тоа и пред крајот на полувремето стигна до израмнување од 10-10,резултат со кој се замина на одмор.


Домашните ракометари беа подобри и на стартот од второто полувреме,поведоа со 14-12, но потоа дојде до пад на концентрацијата и неколку загубени топки кои Бутел максимално ги казни, поведувајќи со 14-16. Предноста одракометар повеќе беше максимално искористена за да се стигне до израмнување од 16-16, но веднаш потоа следеше нова серија на „бутелци“, кои го контролираа резултатот до самиот крај. Последната шанса за камбек беше пропуштена со нереализираниот пенал на Палевски при „минус два“, по што Бутел рутински го приврши мечот, со два гола во последната минута стигнувајќи до конечен триумф од четири гола разлика (20-24).

Дејан Пецаковски беше прв стрелец на Тинекс Пролет со девет гола, пет постигна Голубовиќ, додека по два погодоци реализираа Мајнов и Палевски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид14
2Вардар14
3Охрид12
4Е. Пелистер12
5Бутел10
6Тиквеш7
7Пролет6
8Прилеп5
9Куманово4
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести