Тотална доминација: Убедлива победа со Кичево за место во осминафиналните групи од Купот на Македонија

Низ натпревар со очигледна разлика во квалитет меѓу двата тима, ракометарите на Тинекс Пролет запишаа убедлива победа против Кичево од 51-20 (24-5), во 1/16-финалето од Купот на Македонија за пласман во осминафиналните групи од најмасовното домашно клупско натпреварување.

Откако гостите поведоа со 0-1 на почетокот од мечот, потоа целосна доминација на нашиот состав, во кој пред се беа помлади ракометари, кои со серија од 12-2 веќе во 15. минута од средбата стигнаа до предност од 12-3, со што јасно посочија кој ќе биде победник на натпреварот. Зголемувајќи ја предноста од минута на минута на полувремето се заокружи на 24-5.



Во второто полувреме низ далеку порелаксирана игра, младите ракометари на Тинекс Пролет во континутет дополнително ја зголемуваа разликата иако и очекувано поопуштено во одбраната. Па гостите за разлика од првиот дел во кој постигнаа само пет погодоци, на крајот завршија со вкупно 20 постигнати погодоци, но колку само за утеха пред убедливиот пораз од 31 гол разлика.



Најефикасни во нашиот тим беа Доне Мајнов со 14 постигнати голови и Виктор Додевски со девет погодоци, додека во редовите на Кичево се истакна Дамјан Наумовски со пет постигнати погодоци.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести