Убедлив пораз на Тинекс Пролет во Битола (38-22)

Тинекс Пролет претрпе нов пораз во Супер-лигата откако нашите ракометари денеска загубија на гостувањето против Еурофарм Пелистер со убедливи 38-22. За Тинекс Пролет ова е трет пораз сезонава, втор во Битола откако минатиот месец избраниците на Андон Бошковски загубија и на дуелот со вториот тим на Еурофарм Пелистер.

И покрај најавите за храбра игра и парирање на фаворитот, денешниот дуел беше загубен уште во првите десет минути. Тинекс Пролет не постигна ниту еден гол во овој дел од мечот, во кој Еурофарм Пелистер одигра цврсто во одбраната и ефикасно во нападот, набрзина поведувајќи со 7-0. Дејан Пецаковски беше стрелец на првиот гол за Тинекс Пролет, но домашните ракометари веќе беа влезени во налет и не можеа да запрат, продолжувајќи со импресивна игра до крајот на полувремето, на одмор заминувајќи со убедливи 21-7. 

Битолчани го почнаа и вториот дел со мини-серија од 3-0, покажувајќи дека немаат намера да го намалат високото темпо што го наметнаа. Дуелот практично беше загубен, па двата тима одиграа без притисок во преостанатиот дел од средбата, за конечни 38-22 за Еурофарм Пелистер.

Доне Мајнов беше прв стрелец на Тинекс Пролет со шест гола, пет пати прецизен беше Аларов, а по три погодоци постигнаа Пецаковски и Додевски.

Тинекс Пролет во следното коло од Супер-лигата ќе го пречека составот на Бутел.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести