Аларов: Знаеме кој е фаворит, но во Битола одиме да се бориме

Ракометарите на Тинекс Пролет по завршувањето на репрезентативната пауза денеска продолжуваат со настапите во Супер-лигата, со гостување во Битола против вицешампионот Еурофарм Пелистер (18 часот). 

Битолчани и сезонава важат за едни од главните кандидати во трката за шампионската титула, но тоа не ги менува плановите на нашиот тим, со ангажирана игра од почеток до крај да се обидат да ги замрсат сметките на фаворитот на денешниот натпревар. 

„Пред нас е исклучително тежок натпревар. Јасно е кој е фаворит, но тоа не мора да значи ништо бидејќи во спортот не победува секогаш подобриот. На нас е да излеземе на терен, да се бориме за секоја топка и да се обидеме да го изненадиме составот на Пелистер. Знаеме дека нема да биде лесно, но мораме да дадеме се од себе, па на крајот да видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат“, изјави пивотот Михаил Аларов.

Тинекс Пролет по првите девет кола има одличен скор од седум победи и два порази (дома од Вардар и на гостински терен од Еурофарм Пелистер 2).

„Играме добар ракомет од почетокот на сезоната и засега сме на добар пат за да ги оствариме зацртаните цели. Свесни сме дека нема простор за опуштање бидејќи по денешниот меч следат пресметките со Бутел и со Металург, кои се исклучително важни за нас. Затоа, мораме да останеме максимално фокусирани бидејќи пред нас се уште многу предизвици до крајот на сезонава“, порачува Аларов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести