Тинекс Пролет чекори триумфално, славје и против незгодниот Охрид (25-24)

Тинекс Пролет оствари уште една исклучително значајна суперлигашка победа откако по голема битка славеше над Охрид со 25-24. Гостите вообичаено се незгодни ривали за нашиот тим, тоа се покажа и на денешниот дуел, за сепак поголемото искуство и квалитет да биде главен фактор за бодовите да останат во салата „Македонско Сонце“. Дејан Пецаковски беше човекот на одлука, постигнувајќи го клучниот гол од бековска позиција во последната минута од натпреварот.

Ракометарите на Тинекс Пролет подобро го отворија натпреварот,во првите десет минути постигнаа пет гола за водство од 5-3, но како што одминуваше времето така избраниците на Бошковски се потешко го наоѓаа патот до мрежата на Брауновиќ. Одбраната функционираше на високо ниво,па до пред самиот крај на полувремето Тинекс Пролет одржуваше минимално водство.Гостите за момент поведоа во 29. минута со 10-11, но Аларов погоди на спротивната страна и на одмор се замина со израмнети 11-11. 

Израмнетата битка продолжи и во вториот дел, а домашниот тренер Бошковски при резултаст 12-13 во 36. минута го уфрли Јане Цветковски на местото на младиот Петковски, кој немаше свој ден. Десетина минути се играше „гол за гол“, пред Стојановиќ во 44. минута да побара тајмаут при резултат 17-16 за Тинекс Пролет. Советите не дадоа преголем плод, охриѓани влегоа во серија грешки, а Пролет со голот на капитенот Андоновски во 48.минута поведе со 20-17.

Во драматична завршница Тинекс Пролет имаше предност меѓу еден и два гола разлика, за во последната минута да се влезе со „плус еден“ и напад на Тинекс Пролет. Пецаковски испрати проектил што заврши во мрежата, но Охрид повторно успеа да реализира инамали на 25-24, изнудувајќи и исклучување од Пејовиќ. Сепак, домашниот тим предводен од капитенот Ласко Андоновски умешно ја задржа топката во последните дваесетина секунди, за заслужена победа со која Тинекс Пролет се зацврсти на третото место на табелата.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид24
2Вардар24
3Е. Пелистер22
4Охрид20
5Бутел14
6Тиквеш13
7Прилеп12
6Пролет11
9Куманово6
10Борец5
11Струга4
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести