Победничката серија прекината во Битола

Тинекс Пролет го претрпе првиот пораз во новата сезона откако денеска загуби на гостувањето во Битола против Еурофарм Работник2 со резултат 29-22. И покрај желбите да се стигне до четвртата победа во низа, денеска битолчани беа подобар противник на теренот во салата „Боро Чурлевски“ и заслужено ги прокнижија бодовите. 

Избраниците на Андон Бошковски беа подобар ривал само во првото полувреме, во кое имаа предност од 3-5. Сепак, оваа позитива траеше кратко, Еурофарм Пелистер 2 набрзина се врати и поведе со 7-6. Последното израмнување беше 8-8, по што следеше период на слаба игра во нападот, шест минути без постигнат погодок, што домашниот состав го искористи за да поведе со 12-8.

На полувреме се замина со резултат 13-10, а Еурофарм подоро го отвори и вториот дел, па набрзина поведе со пет гола предност (15-10). И покрај обидите за камбек, Тинекс Пролет се приближи само до три гола разлика (22-19), но тоа беше се што нашиот тим успеа да стори денеска, за домаќините во финишот уште повеќе да ја зголемат предноста и да триумфираат со конечни 29-22. 

Пецаковски беше најефикасен во редовите на Тинекс Пролет со пет гола, по три постигнаа Џонов, Голубовиќ и Палевски, а по двапати прецизни беа Пејовиќ и Димов.