Втор меч, втора победа за Тинекс Пролет во новата сезона

Тинекс Пролет триумфираше со 29-33 на гостувањето против Скопје, за втора победа во вториот суперлигашки натпревар од новата сезона. Новиот суперлигаш беше достоен противник во голем дел на натпреварот, но сепак на крајот пресуди искуството и квалитетот на ракометарите на Тинекс Пролет, кои остануваат со стопроцентен ефект на стартот од сезоната.

Почетокот донесе големи проблеми, откако ракометарите на Скопје со леснотија гог наоѓаа патот до мрежата на Тинекс Пролет. По израмнетите 4-4 домаќините постигнаа четири погодоци во низа и поведоа со убедливи 8-4, десетина минути одржувајќи ја удобната предност. Избраниците на Бошковски предводени од искусниот Пецаковски успеаја да се вратат, уште пред крајот на полувремето направија целосен пресврт и на одмор заминаа со минимално водство од 16-17.

Тоа беше најава за уште подобро издание на Тинекс Пролет во вторите 30 минути, пред се во фазата на одбраната. Во нападот блескаше Ѓорѓе Голубовиќ, кој со седум гола во второто полувреме го предводеше тимот кон создавање на недостижна предност и решавање на прашањето на победникот уште на пет минути до крајот на мечот.

Токму Голубовиќ со седум гола беше прв стрелец на Тинекс Пролет при овој триумф, пред Пецаковски и Пејовиќ со по пет и Џонов и Палевски со по четири погодоци.

Нашиот тим во рамките од третото коло в сабота на домашен терен ќе го пречека составот на Прилеп.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Охрид10
2Алкалоид10
3Вардар10
4Е. Пелистер8
5Прилеп5
6Бутел4
7Пролет4
8Куманово4
9Тиквеш3
10Струга2
11Борец2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести