Освоена е Автокоманда - по голема битка совладан Металург

Тинекс Пролет триумфално ја стартуваше новата суперлигашка сезона откако вечерва славеше на гостувањето против Металург со 22-24. Домаќините настапија без странските засилувања од летово, а Тинекс Пролет знаеше како да го искористи тоа и благодарение на цврстата одбрана успеа да стигне до победата.

Пејовиќ го постигна првиот гол на мечот во втората минута, а потоа во серија влезе Голубовиќ, кој набрзина реализираше три погодоци. Тинекс Пролет сепак не успеа да се одлепи резултатски, во неколку ситуации стигнуваше до два гола предност, но не можеше да го скрши отпорот на домашниот состав. Во последната минута од првото полувреме Голубовиќ со својот четврти гол донесе предност од 12-13, резултат со кој се замина на одмор.

Израмнетата битка продолжи и во текот на вторите 30 минути. Тинекс Пролет имаше водство во поголемиот дел од полувремето, Металург само за момент стигна до предност од 17-16, но избраниците на Бошковски набрзина презедоа контрола. Во клучните моменти блесна Жарко Пејовиќ, кој постигна два гола и донесе „плус три“ на нецели две минути до крајот, ставајќи печат на победата.

Пејовиќ и Голубовиќ со по пет погодоци беа најефикасни во таборот на Тинекс Пролет, четири реализираше Палевски, а по трипати прецизни беа Андоновски и Мајнов.

Тинекс Пролет во второто коло в среда ќе му гостува на новиот суперлигаш Скопје.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Охрид4
2Алкалоид4
3Е. Пелистер4
4Прилеп3
5Бутел2
6Вардар2
7Бисинов2
8Пролет1
9Куманово0
10Струга0
11Тиквеш0
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести