Експедицијата на Тинекс Пролет пристигна во Шпанија

Македонскиот суперлигаш Тинекс Пролет пристигна во Гранолјерс, каде утре и задутре ќе ги одмери силите со прославениот шпански клуб во рамките од квалификациите за Лигата на Европа.

Тинекс Пролет минатата сезона оствари историски најдобар пласман стигнувајќи до третото место во плејофот, што му овозможи излез во ракометна Европа. 

Ракометарите и стручниот штаб пристигнаа со директна авионска линија од Скопје до Барселона, по што се упатија до Гранолјерс, град во непосредна близина на каталонската престолнина. 

„Желба на сите во тимот е да се покажеме во што подобро светло на овие два натпревари. Фактот дека противникот е фаворит е само мотив повеќе за сите нас да покажеме што знаеме против еден квалитетен тим како што е Гранолјерс“, порачуваат ракометарите на Тинекс Пролет.

Првиот натпревар меѓу Гранолјерс и Тинекс Пролет ќе се игра утре во 19.30 часот, а вториот меч е закажан за сабота со почеток во 17 часот.