Ѓорѓе Голубовиќ - нов ракометар на Тинекс Пролет

Ѓорѓе Голубовиќ е нов член на Тинекс Пролет откако денеска беше потпишан договор за едногодишна соработка со овој српски ракометар. Со ангажманот на Голубовиќ клубот успеа да донесе квалитетно решение за позицијата десен бек, која беше испразнета со заминувањето на Никола Потиќ.

Голубовиќ е 29-годишен ракометар роден во Белград, кој зад себе веќе има и богато интернационално искуство. Тој ланската сезона ја мина во Хапоел Бер Шева во Израел, а претходно има настапувано и во неколку екипи во Романија, потоа во швајцарски Арау, во Чургои во Унгарија, но и во дресот на Адемар Леон во шпанската АЦБ-лига. Србинот исто така кратко време има минато во мак-ракометот, откако го носеше дресот на Металург под водство на Лино Червар во 2015 година.

Голубовиќ ќе се појави од стартот на подготовките под водство на новиот тренер Андон Бошковски и за време ќе има можност подобро да се запознае со соиграчите. Тимот во текот на месец август ќе одигра и неколку пријателски средби како загревање за двомечот од квалификациите за Лигата на Европа против шпанскиот претставник Гранолјерс.

Воедно, клубот нема да ја продолжи соработката со браќата Филип и Александар Василевски, на кои им посакуваме многу среќа во наредните професионални ангажмани.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести