Уписи на нови членови во младинската школа на Тинекс Пролет

Ракометниот клуб Тинекс Пролет во своето повеќедецениско постоење покажал дека главна определба му е развојот на домашни играчи. Голем број на ракометари кои низ годините го носеле репрезентативниот дрес почетоците на кариерата ги минале токму во нашиот клуб, а горди сме што и значаен дел од екипата што ја имаме во моментов мина низ младинската школа на Тинекс Пролет.

Со почетокот на новата натпреварувачка сезона продолжува со работа и нашата младинска школа, која ќе врши упис на нови членови. 

Тинекс Пролет ќе формира и екипа за момчиња родени 2008 година и помали, овозможувајќи им и на децата на оваа возраст на вистински начин и на вистинско место да ги направат првите ракометни чекори. Тренер на оваа екипа ќе биде Алексо Лембанов, кој беше прв асистент на Зоран Кастратовиќ во стручниот штаб на сениорскиот тим при обезбеденото трето место и излез во ракометна Европа. Воедно, Лембанов останува помошник и на првиот тренер Андон Бошковски во работата со сениорската екипа за наредната сезона.

Лица за контакт: 
Петар Тотиќ               070 333 219
Алексо Лембанов      070 385 043