Бошковски: Добивме атрактивен противник, но нема да го прецениме

Шефот на стручниот штаб на Тинекс Пролет, Андон Бошковски, смета дека нашиот клуб го добил еден од најатрактивните противници кои не беа меѓу носителите на денешната ждрепка.

Очекувано, Гранолјерс ќе ја има фаворитската улога, но Бошковски порачува дека станува збор за ривал што максимално ќе биде почитуван, но не и преценет во двете меѓусебни пресметки.

„Добивме исклучително атрактивен противник, свесни сме за реномето на Гранолјерс, тим што меѓу другото ја има и најдобрата младинска школа во Шпанија долги години наназад. Ако кажам дека Гранолјерс е фаворит, нема да згрешам, но нема да згрешам и доколку кажам дека не смееме да го пренециме противникот и дека не сме без шанси. Од она што го дознав веднаш по ждрепката, тренерот потпишал нов договор, додека капитенот си заминал од клубот заедно со уште неколку ракометари. Дополнително ќе ги дознаеме сите информации и ќе се подготвиме, наша цел дефинитивно е квалитетно да ги одиграме двата натпревари и доколку ни се укаже шанса, да оствариме добар резултат“, изјави Бошковски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести