Давор Палевски уште една сезона во Тинекс Пролет

Давор Палевски ќе продолжи да го носи дресот на Тинекс Пролет и во наредната сезона откако потпиша нов едногодишен договор со нашиот клуб.

Левото крило пристигна во Тинекс Пролет од редовите на Работнички и експресно се наметна како еден од најефикасните ракометари во тимот. Тој беше најдобар стрелец на голем дел од натпреварите минатата сезона, што беше доволна препорака за Палевски да остане во клубот и во наредната година, во која нашиот тим го очекуваат и настапи во ракометна Европа.

Двете страни беа задоволни од соработката во претходната година, па без поголеми проблеми беа договорени деталите од новиот договор. 

Тинекс Пролет претходно потпиша нови договори и со Ласко Андоновски и со Дејан Пецаковски, а во тек се разговорите за останување на уште неколку ракометари кои одиграа клучна улога во освојувањето на извонредното трето место минатата сезона.

 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести