Андоновски и Пецаковски остануваат во Тинекс Пролет

Капитенот Ласко Андоновски и поранешниот репрезентативец на Македонија, Дејан Пецаковски, и во наредната сезона ќе го носат дресот на Тинекс Пролет откако беше постигнат договор за продолжување на соработката. Двајцата ракометари одиграа многу значајна улога во освојувањето на одличното трето место и обезбедениот излез во ракомтна Европа, по што на задоволство на двете страни беа договорени условите за соработка и за наредната сезона.

Андоновски со години наназад е еден од клучните ракометари во тимот на Тинекс Пролет, каде во последните сезони заслужено ја носи и капитенската лента. Со искусниот бек е потпишан нов двогодишен договор.



Пецаковски пристигна во Тинекс Пролет минатото лето, се наметна како „командант на одбраната“, но одлично одговори и на улогата во нападот секогаш кога ќе добиеше шанса. Тој потпиша нов едногодишен договор со Тинекс Пролет, со можност за дополнително продолжување на соработката.

Во однос на играчкиот кадар од изминатата сезона, тимот досега го напуштија голманот Петар Ангелов и десниот бек Никола Потиќ, кои имаат нови клупски ангажмани. Токму засилувањето на овие две позиции ќе биде приоритет во наредниот период, а паралелно со тоа во тек се преговорите за задржување на голем дел од играчите од минатата сезона.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6217
2РК Прилеп13
3МРК Куманово11
4РК Радовиш10
5РК Струга8
6РК Фруит Ленд Борец0

Најнови вести

Архива на вести