Пејовиќ: Нашата цел е остварена, дуелот со Вардар е за уживање

Предизвиците за Тинекс Пролет продолжуваат со денешниот домашен натпревар (19 часот) против актуелниот првак Вардар. Во ситуација кога со ремито против Бутел и дефинитивно беше обезбеден излезот во ракометна Европа, притисокот врз избраниците на Кастратовиќ е значително намален, но желба на сите во клубот е денеска против Вардар да биде покажана квалитетна игра. 

Жарко Пејовиќ се покажа како извонредно засилување на Тинекс Пролет, црногорскиот бек даде значаен придонес во остварениот успех со осигураниот пласман во ракометна Европа, но искусниот ракометар очекува во ист стил да се продолжи и на последните две средби од овој шампионат. 

„Одигравме квалитетно во изминатиот период и го остваривме она што се очекуваше од нас. Дуелите против тим од европската елига како Вардар секако се одлична можност за уживање. Ние веќе ја остваривме зацртаната цел и без притисок ќе влеземе во мечот со актуелниот шампион. Секако дека ќе дадеме се од себе за да прикажеме добра игра, но овој меч е пред се за ракометарите да уживаат против врвен состав каков што е Вардар“, изјави Пејовиќ пред дуелот со неговиот поранешен клуб.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар38
2Е. Пелистер34
3Охрид33
4Алкалоид33
5Тиквеш20
6Бутел20
7Прилеп18
8Е. Пелистер 217
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести