Андоновски: Во Бутел по заверка на третото место

Пеколното темпо на натпревари во плејофот продолжува денеска со одигрувањето на 12. коло, во кое Тинекс Пролет му гостува на тимот на Бутел. Скопскиот суперлигаш е еден од ривалите во трката за излез во ракометна Европа, а денешниот дуел (19 часот) е одлична можност за зацврстување на третата позиција на табелата.

Атмосферата во тимот е одлична по двете победи над Еурофарм 2 и над Охрид, но и по доброто издание во поразот од фаворитот Еурофарм Пелистер, па тренерот Кастратовиќ се право очекува добрите изданија да продолжат и на денешниот натпревар.

„Бутел отсекогаш важел за незгоден противник против кого мора да се одигра максимално во текот на сите 60 минути ако се сака да се стигне до триумф. Нашите мечеви ги одликуваат мал број на голови, очекувам слично нешто и денеска, дисциплинирана одбрана на двете страни, а до триумф ќе дојде тимот што е поинспириран во нападот. Се наоѓаме во добра форма, очекувам да продолжиме со квалитетни изданија и со победа денеска да ставиме печат на третото место на табелата“, изјави капитенот Ласко Андоновски.

Првиот овосезонски натпревар меѓу Тинекс Пролет и Бутел заврши со триумф на нашиот тим од 22-21.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар38
2Е. Пелистер34
3Охрид33
4Алкалоид33
5Тиквеш20
6Бутел20
7Прилеп18
8Е. Пелистер 217
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести