Пораз од Металург по слабото второ полувреме во Автокоманда

Тинекс Пролет не успеа да забележи и втора овосезонска победа над Металург откако денеска загуби на гостувањето во Автокоманда со 29-22. Пресудно се покажа второто полувреме во кое домашниот тим целосно доминираше, Пролет премногу грешеше во нападот, по што поразот беше неизбежен.

Првото полувреме донесе израмнета битка во која двете екипи се менуваа во водство. „Металурзите“ први дојдоа до два гола предност (5-3), но Тинекс Пролет возврати и поведе со 6-7. Следеше нова серија на домашниот тим и водство од 10-7, по што нашиот тим покажа карактер, максимално ја искористи предноста од двајца играчи повеќе и со серија од пет гола поведе со 10-12. При овој резултат Димов заработи исклучување при направениот пенал врз Поповиќ, по што Металург се врати, на одмор заминувајќи со водство од 13-12 по промашниот седмерец на Пецаковски во последните секунди од полувремето.

Петар Ангелов одбрани два зицери на Поповиќ откако Металург поведе со 14-12, Тинекс Пролет стигна до израмнети 14-14, но тоа беше се што нашиот тим успеа да стори. Следеа серија грешки на Потиќ по кои „металурзите“ поведоа, а дури откако противникот стигна до „плус пет“ (19-14) Матлиески побара тајмаут. Неговите совети откако Металург се одлепи беа залудни, па домашните ракометари не само што ја задржаа, туку и ја зголемија предноста до конечните „плус седум“. 

Палевски и Пецаковски постигнаа по четири гола за Тинекс Пролет на денешниот натпревар, а по трипати прецизни беа Аларов, Пејовиќ и Потиќ.

Во следното коло од ракометниот плејоф Тинекс Пролет ќе го пречека Еурофарм Пелистер 2.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Охрид2
2Алкалоид2
3Е. Пелистер2
4Бутел2
5Бисинов2
6Пролет1
7Прилеп1
8Вардар0
9Куманово0
10Струга0
11Тиквеш0
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести