Пораз од Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија

Тинекс Пролет не успеа да се пласира на завршниот турнир од Купот на Македонија откако во денешниот финален дуел од групната фаза загуби на домашен терен од Еурофарм Пелистер со резултат 21-36. Најавите за сериозен отпор сепак не се реализираа, гостите од Битола доминираа во текот на целиот меч, одбраната на Тинекс Пролет во сите 60 минути не најде лек за нападот на противникот, па убедливиот пораз беше неизбежен.

Домашните ракометари последното водство го имаа при 4-3, а успеваа да парираат само во првите петнаесетина минути. Последното минимално водство на гостите гласеше 10-11 во 20. минута, по што дојде до голема криза во играта во напад на Тинекс Пролет. Во наредните осум минути ниту еднаш не беше најден патот до мрежата на битолчани,додека Еурофарм на спротивната страна ефикасно ги казнуваше грешките, на одмор заминувајќи со убедлива предност од 12-20. 

Двата гола на стартот од вториот дел за намалување на 14-20 беше се што Тинекс Пролет успеа да стори на оваа средба, во која остатокот од мечот повторно мина во знакот на гостинскиот состав. Првата двоцифрена предност битолчани ја стекнаа при 17-27, за на крајот овој натпревар да заврши со конечни 21-36 за Еурофарм Пелистер.

Капитенот Ласко Андоновски беше најефикасен кај Тинекс Пролет со шест постигнати гола, пет реализираше Давитковски, а четири Палевски.

Следен предизвик за Тинекс Пролет е гостувањето против Металург во рамките од плејофот, меч закажан за в петок.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид32
2Вардар30
3Е. Пелистер30
4Охрид27
5Тиквеш18
6Бутел18
7Пролет14
8Прилеп14
9Куманово8
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести