Победа над Струга (27-21), за четврта радост во плејофот

Тинекс Пролет славеше со 27-21 над Струга, успешно заокружувајќи го првиот круг од плејофот во која нашиот клуб забележа четири победи и три порази. Фаворитката улога на дуелот со стружани беше оправдана и на самиот терен, на кој Пролет доминираше со цврста одбрана што овозможи тренерот Матлиески во последните петнаесет минути да им даде и заслужен одмор на клучните ракометари во тимот. 

Гостите парираа само во првите десетина минути во кои го наоѓаа патот до мрежата на Петар Ангелов. Жарко Пејовиќ беше во главна улога во нападите на Тинекс Пролет, а штом профункционира одбраната во ритам влезе и Давор Палевски, кој со некоку погодоци од контранапад овозможи домашниот состав резултатски да се одлепи и на одмор да замине со 16-13. 

Струга го постигна првиот гол од второто полувреме, намали на 16-14, но веднаш потоа следеше нова серија на домашните ракометари, кои предводени од Палевски ја полнеа мрежата на гостинскиот состав. Удобното водство придонесе да дојде и до промена во тимот за завршницата, Цветковски застана на голот на местото на Ангелов и собра неколку одлични интервенции, шанса добија и неколку млади ракометари, но тоа не се одрази врз конечниот исход и рутинската победа од 27-21.

Давор Палевски беше главен играч во нападот со 11 постигнати гола, пет постигна Пејовиќ, четири Аларов, а трипати прецизен беше Давитковски, кој повторно одигра квалитетен меч како стартен десен бек.


ТИНЕКС ПРОЛЕТ - СТРУГА     27-21 (16-13)

ТИНЕКС ПРОЛЕТ: Ангелов, Цветковски, Кристо, Аларов 4, Давитковски 3, Пецаковски, Донев, Додевски, Димов 2, Андоновски, Дамчевски, Василевски 1, Фичорски 1, Потиќ, Палевски 11, Пејовиќ 5.

СТРУГА: Затаракоски, Маркоски, Лазороски, Крстаноски, Савески, Лакичевиќ, Јанкуловски 4, Јовановски 1, Димитријески, Николиќ 2, Илиевски 3, Костоски 2, Ракочија 4, Сионоски 1, Пајкоски 1, Цветаноски 3.