Достоен отпор во поразот од Вардар (30-24)

Ракометарите на Тинекс Пролет загубија на денешниот натпревар против Вардар со 30-24, меч на кој нашиот тим се прикажа во сосема солидно светло против актуелниот првак на Македонија.

„Црвено-црните“ беа подобар противник на самиот почеток, поведувајќи со 5-2, а потоа зголемувајќи ја предноста и до најубедливи „плус пет“ (9-4 и 13-8). Тинекс Пролет одигра одлично во одбраната во финишот од првото полувреме, на одмор заминувајќи со 15-13 откако не прими гол во последните пет минути во првото полувреме, намалувајќи ја предноста со погодоците на Давитковски и на Аларов.

Избраниците на Матлиески му парираа на големиот фаворит и во првиот дел од второто полувреме, откак во неколку ситуации Тинекс Пролет имаше и напад при „минус два“, но не успеа да ја намали негативата и да го однесе мечот во неизвесна завршница. На крајот сепак пресуди искуството на поквалитетниот противник, кој во последните десетина минути успеа да се одлепи и да стигне до победата.


 
ВАРДАР - ТИНЕКС ПРОЛЕТ    30-24 (15-13)

ВАРДАР: Ристовски, Кизиќ, Валчак 1, Јагуриновски 5, Стоилов 1, Димитриоски 1, Дибиров 9, Георгиевски 5, Карапалевски, Дисингер 1, Јотиќ, Гаџа 2, Талески 5, Векиќ, Мишевски.

ТИНЕКС ПРОЛЕТ: Цветковски, Ангелов, Кристо, Аларов 7, Давитковски 5, Пецаковски 5, Јовановски, Донев, 
Додевски, Димов 1, Андоновски 3, Дамчевски, А. Василевски 2, Фичорски, Палевски, Пејовиќ 1.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести