Тинекс Пролет на тешко гостување во Битола

Ракометарите на Тинекс Пролет попладнево се враќаат на обврските во плејофот, во Битола гостувајќи му на првиот тим на Еурофарм Пелистер (15 часот, сала „Боро Чурлевски“). Нашиот тим минатиот месец еднаш успеа да ја освои Битола, триумфирајќи над вториот тим на „пелистерци“, но јасно е дека овојпат задачата ќе биде далеку потешка бидејќи избраниците на Матлиески за ривал ќе имаат далеку поквалитетен состав. 

Без оглед на фактот дека домаќините ќе ја имаат фаворитската улога, Тинекс Пролет ќе стори се за да се прикаже во добро светло и доколку се укаже можност, да ги замрси сметките на битолчани на денешниот натпревар.

„Не ни помислуваме да излеземе на терен со бело знаме. Добро познати се инвестициите во играчкиот кадар на Еурофарм Пелистер, но овој тим во последно време е далеку од посакуваната форма. Тие остануваат фаворити, но ние планираме да одиграме максимално од првата до последната минута, па доколку ни се укаже можност и да го изненадиме овој квалитетен состав“, најавуваат од таборот на Тинекс Пролет во пресрет на денешниот дуел.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести