Лесна победа над Прилеп во Купот на Македонија (34-25)

Тинекс Пролет забележа лесна победа над Прилеп од 34-25 во групната фаза од Купот на Македонија, обезбедувајќи си финале против подобриот од дуелот Еурофарм Пелистер - Младост Богданци. Избраниците на Матлиески одиграа квалитетен меч, сите дилеми околу победникот решавајќи ги во првото полувреме, со што овозможија тренерот да одмори дел од клучните играчи во вториот дел од оваа средба.

Гостите од Прилеп успеаја да парираат само во првите десетина минути, во кои разликата се движеше меѓу еден и два гола (5-4, 6-5, 7-6). Нивниот отпор беше скршен со четирите гола што Тинекс Пролет ги постигна во серија и поведе со 11-6, по што нашиот тим одигра фуриозно до крајот на полувремето. Најмногу во овој дел од мечот се истакнаа Аларов и Палевски, кои постигнаа по шест погодоци во првите триесет минути, а Тинекс Пролет замина на одмор со водство со 20-12.

Александар Василевски постигна два гола на стартот од вториот дел за прва двоцифрена предност на Тинекс Пролет од 22-12. Серијата продолжи и во наредните минути, па домашните ракометари поведоа и со „плус тринаесет“, постигнувајќи двојно повеќе голови од противникот (26-13). Оваа предност овозможи остатокот од дуелот да мина во рутинско надмудрување на теренот, за конечни „плус девет“.

Михаил Аларов беше прв стрелец со седум погодоци, а по шест постигнаа Александар Василевски и Палевски, а по трипати прецизни беа Давитковски и Пецаковски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Охрид4
2Алкалоид4
3Е. Пелистер4
4Прилеп3
5Бутел2
6Вардар2
7Бисинов2
8Пролет1
9Куманово0
10Струга0
11Тиквеш0
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести