Џонов: Секој меч е како финале за нас, Охрид ни е директен ривал за Европа

Тинекс Пролет одлично го стартуваше плејофот со победи над Металург и над Еурофарм Пелистер 2, серија што избраниците на Матлиески ќе се обидат да ја продолжат на денешниот дуел со Охрид (16.30 часот, сала „Македонско Сонце“). Станува збор за ривал со кого во последните години редовно водиме израмнети битки, а Охрид е единствениот тим што сезонава двапати го има совладано Тинекс Пролет, податок што ќе биде само мотив плус за нашите ракометари да стигнат до победата на денешниот дуел.

„Одлично го стартувавме клучниот дел од сезоната, двете победи на стартот уште повеќе ја зголемија самодовербата кај нас, а атмосферата во тимот е на највисоко ниво. Секој меч е како финале за нас, а Охрид ни е директен ривал во таа борба за излез во ракометна Европа. Знаеме дека ќе биде тешко, но очекувам да одговориме на предизвикот и да стигнеме до триумф“, истакнува Иван Џонов. 

Младиот бек е уверен дека повторно клучна ќе биде играта во одбрана ќе биде клучен фактор.

„Секогаш кога играме со Охрид, тоа се средби со мал број на голови, жестока одбрана и дуели на двете страни од теренот. Тоа ќе биде случај и овојпат, а двата порази од претходниот дел од сезоната ќе ни бидат само мотив да одиграме уште повеќе и да славиме над директниот ривал“, оптимист е Џонов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести