Димов: Полни сме со самодоверба, сакаме со Пролет да играме во Европа

Тинекс Пролет стигна до нов значаен триумф откако по голема битка славеше на гостувањето против Еурофарм Пелистер 2 со 21-23. Скопскиот суперлигаш има максимални две победи по првите две кола во плејофот, јасно ставајќи до знаење дека поставените цели за пласман во европските купови воопшто не се нереални. 

„Сакавме на сите да им докажеме дека оној триумф над Металург од првото коло воопшто не беше случаен. Добро се подготвивме за овој натпревар, го изанализиравме противникот и знаевме точно што да очекуваме. Мечот беше исклучително тежок и напорен, што беше сосема очекувано, но ние покажавме зрелост, бевме подобри во завршницата и заслужено триумфиравме“, вели десното крило Мартин Димов.

Покрај неколкуте пресудни интервенции на Петар Ангелов во завршницата, токму Димов беше стрелец на еден од клучните погодоци, со кој Тинекс Пролет поведе со 20-22 на помалку од две минути до крајот.

„Ова е тимски спорт и најважни се колективните резултати. Кога соиграчите ќе одиграат добра акција, логично е да се преземе одговорност. Среќен сум што го погодив тој важен шут, но уште поважно е што стигнавме до победата“, истакнува Димов.

Следен предизвик за Тинекс Пролет е домашниот дуел против Охрид, меч што ќе се игра следниот викенд во салата „Македонско Сонце“.

„Охрид е ривал од кого загубивме два натпревари, но тоа беа два тесни меча во кои немавме среќа во клучните моменти. Ова ќе биде сосема поинаков дуел бидејќи ние сме полни со самодоверба. Желба на сите играчи е со Пролет да обезбедиме излез во ракометна Европа и ќе сториме се за тоа да се оствари“, порачува Мартин Димов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Охрид10
2Алкалоид10
3Вардар10
4Е. Пелистер8
5Прилеп5
6Бутел4
7Пролет4
8Куманово4
9Тиквеш3
10Струга2
11Борец2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести