Голема победа на жешкиот терен во Битола (21-23)

Тинекс Пролет останува со стопроцентен ефект и по второто коло во ракометниот плејоф откако нашиот тим славеше на денешното гостување против Еурофарм Пелистер 2 со резултат 21-23. Мечот го одбележа жестока битка во која главниот збор го имаа одбраните, за поголемото искуство во клучните моменти да го донесе триумфот и бодовите на жешкиот терен во Битола.

Од самиот почеток двата тима се менуваа во водство, за по консолидацијата на одбраната и неколкуте интервенции на Петар Ангелов екипата на Тинекс Пролет да ја преземе контролата над резултатот. Палевски беше одличен во фазата на нападот, еднаш прецизен од сопствената половина беше и самиот Ангелов, по што избраниците на Матлиески го завршија полувремето со предност од 10-13. 

Тинекс Пролет го имаше и првиот напад во второто полувреме, но наместо да дојде до зголемување на предноста гостинските ракометари им дозволија на домаќините да се вратат во мечот. Агресивната одбрана на битолчани придонесе црвени картони во второто полувреме да добијат бековите Петровиќ и Дрогришки. На крајот, пресуди искуството на Ангелов, кој одбрани зицер при 20-21, потоа и пенал при 20-22, осигурувајќи ја победата. На спротивната страна, Димов и Пејовиќ беа прецизни во завршницата, ставајќи печат на триумфот на Тинекс Пролет.


ЕУР. ПЕЛИСТЕР 2 - ТИНЕКС ПРОЛЕТ    21-23 (10-13)

ЕУР. ПЕЛИСТЕР 2: Ивановски, Петковски, Па. Атанасијевиќ 6, В. Димитровски 1, Мирчевски, Петровиќ 4, Талевски 5, Стоилевски 1, И. Димитровски 1, Пе. Атанасијевиќ, Белистојановски, Бардакоски, Дрогришки 2, Блажевски, Арсеновски 1.

ТИНЕКС ПРОЛЕТ: Кристо, Цветковски, Ангелов 1, Ф. Василевски 1, Аларов 3, А. Василевски, Давитковски, Пецаковски, Димов 3, Андоновски 2, Џонов 1, Мајнов, Дамчевски, Потиќ, Палевски 8, Пејовиќ 4.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести