Палевски: Со рецептот од Металург ќе го победиме и Пелистер 2

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска продолжуваат со настапите во плејофот, со гостувањето во салата „Боро Чурлевски“ во Битола против екипата на Еурофарм Пелистер 2, меч закажан за 16 часот. Тинекс Пролет извонредно го отвори плејофот со заслужена победа над Металург, а по краткиот застој поради репрезентативната пауза избраниците на Матлиески се надеваат декаа во ист стил ќе продолжат и на мечот во Битола.

Самодовербата е на највисоко ниво, но ракометарите на Тинекс Пролет со голем респект гледаат на денешниот ривал, кој во првото коло загуби на гостувањето против шампионот Вардар.

Против себе имаме квалитетен противник што во никој случај не смее да биде потценет. Цела недела се подготвуваме, детално го анализираме денешниот ривал. Според мене клучно ќе биде да се запре нивната бековска линија, околу која се врти се во играта на Пелистер 2. Рецептот со кој го победивме Металург може да биде наша добитна комбинаација и во Битола, важно е да одиграме цврсто во одбраната и трпеливо во нападот како на тој премиерен дуел на кој забележавме огромна победа. Полни сме со самодоверба, но исто така сме и свесни дека ова е само почеток и не смееме да си дозволиме опуштање. Напротив, сакаме победата над Металург да ја потврдиме и со бодови во Битола“, вели Давор Палески, крилниот ракометар кој сезонава е еден од најдобрите стрелци на Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести