ФОТОГАЛЕРИЈА: Големото славје по триумфот над Металург

Ракометарите на Тинекс Пролет имаат причина за гордост по вечерашното одлично издание и заслужената победа над Металург (29-26) во рамките од првото коло од плејофот.

Ова е прв триумф на Тинекс Пролет над Металург по повеќегодишна пауза, апсолутно заслужен со оглед на доминацијата на нашите ракометари во текот на сите 60 минути. Нема сомнеж дека оваа победа ќе биде само мотив плус за уште подобри игри во продолжението од сезоната, во која желба на сите во клубот е Тинекс Пролет повторно да се избори за излез во ракометна Европа.

Сега следи кратка пауза поради репрезентативните настапи, а нашиот клуб во наредното коло го очекува гостување во Битола против вториот тим на Еурофарм Пелистер.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести