Настапот во плејофот го почнуваме на домашен терен против Металург

Ракометарите на Тинекс Пролет максимално мотивирани го дочекуваат стартот на плејофот во македонското првенство, што ќе биде означен со денешниот премиерен дуел на домашен терен против Металург (18.30 часот). Избраниците на Никола Матлиески одработеа квалитетни подготовки, а со ангажманот на новите засилувања Потиќ и Цветковски се засили конкуренцијата на сите позиции во тимот, па Тинекс Пролет со право се надева на борба за место во Топ 4 на табелата, пласман кој обезбедува и излез во ракометна Европа.

„Можеме да бидеме задоволни од формата во која се наоѓаме во пресрет на стартотод плејофот. Поседуваме и искуство и квалитет, пред крајот на Супер-лигата во Пејовиќ добивме одлично засилување, а сега беа доведени и нови квалитетни ракометари. Знаеме дека нема да биде лесно, но подготвени сме да одиграме најдобро што знаеме и да ги оствариме зацртаните цели“, истакнува Дејан Пецаковски, еден од најискусните во редовите на Тинекс Пролет.

Во однос на првиот натпревар против Металург, искусниот бек фаворитската улога му ја препушта на противникот.

„Металург има навистина квалитетни играчи во своите редови и убедливите порази на дел од европските натпревари не треба да залажуваат никого. Нивната добра игра против Адемар Леон е јасен знак за квалитетот на овој клуб, кој токму благодарение на ритамот од бројни одиграни европски средби ќе ја има фаворитската улога денеска. Секако, тоа не значи дека ќе се предадеме, бидејќи ние веруваме дека можеме да се носиме со овој ривал. Едноставно, ќе мораме да одиграме перфектен меч, пред се во одбраната, да ги неутрализираме главните оружја на противникот“, порачува Пецаковски. 

Третиот канал на МРТВ ќе емитува снимка од овој натпревар со почеток во 20.30 часот.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести