Јане Цветковски е најново засилување на Тинекс Пролет

Јане Цветковски е најновото засилување на Тинекс Пролет за клучниот дел од сезоната, во која искусниот голман ќе биде од помош во остварување на зацртаните цели - пласман во европските купови за наредната натпреварувачка сезона. 

Цветковски во изминатиот период тренираше со Тинекс Пролет, по што беше постигнат договор тој да потпише за нашиот клуб до крајот на сезонава, со можност за продолжување на соработката и за сезоната 2021/22.

Овој трансфер всушност претставува враќање на Цветковски во Пролет, со оглед на фактот дека овој голман го бранеше голот на клубот до 2014 година, по што почна интернационална кариера. Тој во изминатиот период настапуваше за Тополчани во Словачка, потоа за Босна во БиХ, за шведските прволигаши Хелсинборг и Иштад, по што беше дел и од Вецлар во Германија и од Егер во шампионатот на Унгарија.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести