Тинекс Пролет му се реваншираше на Тиквеш (32-28)

Тинекс Пролет лесно и убедливо славеше над Тиквеш со резултат 32-28, реванширајќи му се на кавадаречкиот суперлигаш за поразот претрпен во Кавадарци пред неколку дена. За разлика од тој меч, избраниците на Матлиески останаа максимално сконцентрирани до крајот на мечот, не дозволувајќи му на Тиквеш да се врати резултатски во второто полувреме.

Дуелот почна со доминација на Тинекс Пролет, откако домашните ракометари уште од раната фаза наметнаа силно темпо во нападот што гостите од Кавадарци не успеаја да го следат. Тинекс Пролет по 20 минути игра имаше предност од 14-8, за пет минути подоцна да стигне и до „плус девет“ (17-8) и на одмор да замине со предност од осум гола (20-12).
 
Ваквата позитива беше рутински одржана во првите петнаесетина минути од второто полувреме, па во 45. минута резултатот гласеше 28-19 за домашниот тим. Удобната предност придонесе во финишот да дојде до мало опуштање што гостите го искористија за да стигнат до поблаг пораз, изразен со конечни четири гола разлика (32-28). 

Следен натпревар за Тинекс Пролет ќе биде домашниот дуел со Борец Велес во 1/16 финалето од Купот на Македонија, меч што најверојатно ќе се одигра в среда.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид32
2Вардар30
3Е. Пелистер30
4Охрид27
5Тиквеш18
6Бутел18
7Пролет14
8Прилеп14
9Куманово8
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести