Убедлив триумф над Радовиш (35-28)

Ракометарите на Тинекс Пролет на третиот подготвителен меч ја забележаа и втората победа (едно реми) откако вечерва триумфираа над Радовиш со 35-28. Тренерот Матлиески како и на претходните средби повторно им даде шанса на сите ракометари да ги покажат своите квалитети, а тие максимално ја оправдаа неговата доверба стигнувајќи до рутинска победа.

Уште од самиот почеток беше јасно дека Тинекс Пролет е тимот што ќе доминира на теренот, поведувајќи со 11-4. Малото опуштање во нашите редови беше причина гостите за момент да се приближат и на одмор да се замине со резултат 16-13. Сепак, второто полувреме донесе нов налет на Тинекс Пролет во кој лесно се наоѓаше патот до радовишани, па на крајот беше забележана победа од седум гола разлика (35-28).

Тинекс Пролет ќе продолжи со подготвителни натпревари со гостување во Кавадарци против Тиквеш, меч што е закажан за следната среда.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести