Реми на контролата со Голден Арт КЛ7 (33-33)

Ракометарите на Тинекс Пролет ремизираа 33-33 на вечерашниот контролен натпревар против екипата на Голден Арт КЛ7. Тоа беше натпревар на кој двајцата тренери имаа можност да испробаат најразлични тактички варијанти, Тинекс Пролет во голем дел од мечот имаше водство, но Голден Арт КЛ7 со подобра игра во завршницата успеа да се врати и да стигне до реми. 

Двата тима почнаа со изрманета игра од почетокот на натпреварот, па на одмор се замина со резултат 16-16. Тинекс Пролет беше подобар ривал во поголем дел од второто полувреме, нашиот состав во неколку ситуации имаше предност од два до три гола, но КЛ7 секогаш успеваше да се врати. Тоа беше случај и во последната минута од мечот, во која Тинекс Пролет влезе со водство од 33-31, но противникот со два гола во самиот финиш стигна до реми.

Тинекс Пролет в петок ќе продолжи со контролните натпревари, со домашен дуел со екипата на Радовиш.