Убедлива победа над засилениот Работнички

Тинекс Пролет триумфално ја стартуваше серијата контролни натпревари во пресрет на клучниот дел од сезоната откако вечерва рутински и убедливо триумфираше над Работнички со 34-26. Противникот беше значително засилен, вклучувајќи ги во својот ростер четворицата „вардарци“ Мишевски, Гашовски, Атанасовски и Карапалевски, но и покрај тоа Тинекс Пролет со квалитетно издание во нападот стигна до рутинска победа.

Работнички парираше само во првото полувреме, кое заврши со минимална предност на нашиот тим од 13-12. Вториот дел мина во апсолутна доминација на избраниците на Матлиески, кои ја зголемуваа предноста во однос на ривалот се до конечните „плус осум“.

Потиќ, кој минатиот месец потпиша за Тинекс Пролет од редовите на Металург, денеска го имаше своето деби за нашиот клуб. Тренерот Матлиески за денешниот меч поради ситна повреда не можеше да смета на Џонов, кој би требало да се врати во тимот за следниот контролен натпревар, што ќе го играме в среда со КЛ7.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар26
2Е. Пелистер23
3Охрид21
4Алкалоид20
5Тиквеш14
6Бутел13
7Е. Пелистер 212
8Прилеп10
9Тинекс Пролет9
10Струга4
11Куманово4
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести