Аларов повикан во репрезентацијата на Македонија

Ракометарот на Тинекс Пролет, Михаил Аларов, е повикан во македонската репрезентација за собирот на А-селекцијата закажан за почетокот на 2021 година.

Селекторот Данило Брестовац го објави списокот од 20 ракометари кои ќе тренираат во првиот дел од месец јануари, притоа ќе одиграат и два контролни дуели против репрезентацијата на Чиле, во обид да се наметнат и во иднина да продолжат да го носат репрезентативниот дрес.

Аларов, кој има зад себе успешна полусезона во дресот на Тинекс Пролет, сега ќе се обиде да се наметне и во репрезентацијата, каде на пивотменската позиција ќе биде една од трите опции за стручниот штаб, заедно со Жарко Пешевски и Милан Лазаревски.

Тренерот на Тинекс Пролет, Никола Матлиески, е дел од стручниот штаб на репрезентацијата како прв асистент на селекторот Брестовац.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести