Пораз на гостувањето во Охрид (24-19)

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз на гостувањето против Охрид (24-19), во дерби дуелот од групната фаза во Супер-лигата. Слично како и на првиот меч во Скопје, повторно пресудно беше второто полувреме во кое избраниците на Матлиески тешко го наоѓаа патот до мрежата на охриѓани, за триесет минути постигнувајќи само осум погодоци.

Охрид предводен од Кривокапиќ и од Тот инсистираше на брза игра на стартот, во неколку ситуации стигнуваше до „плус два“, но Тинекс Пролет покажа карактер и успеа да се врати. Петар Ангелов имаше и два одбранети седмерци во првото полувреме, нападот функционираше солидно, па на одмор се замина со израмнети 11-11 откако Џонов не го искористи последниот напад за Тинекс Пролет.

Вториот дел почна со два погодоци на Жарко Пејовиќ за нашиот тим, но наместо погодоците на црногорскиот репрезентативец да ја зголемат самодовербата кај остатокот од тимот, повторно следеше период на криза како на дуелот во Скопје.Во следните осум минути Тинекс Пролет не постигна ниту еден погодок, а охриѓани знаеја како да го искористат тоа за резултатски да се одлепат (18-14). Скопскиот суперлигаш во неколку ситуации стигнуваше до „минус два“, но немаше сили за целосен камбек, по што поразот беше неизбежен.

Давор Палевски со шест погодоци беше најефикасен во редовите на Тинекс Пролет, по три постигнаа Пејовиќ, Василевски и Мајнов, а по еднаш прецизни беа Ласко Андоновски, Аларов, Димов и Џонов.

Во следното коло Тинекс Пролет го пречекува составот на Радовиш.

 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести