Андоновски: Охрид е ривал за почит, но Пролет оди на победа

Ракометарите на Тинекс Пролет продолжуваат со згуснатиот распоред на натпревари, по последниот пораз од КЛ7 нашиот тим има голем предизвик пред себе, пресметка со водечкиот Охрид. Грешките од последното коло се согледани, а дуелот со охриѓани е одлична можност за потврда на квалитетите на нашиот тим.

Свесни сме кои ни беа пропустите на мечот со КЛ7, работевме на нивно отстранување и очекувам да се прикажеме во вистинско светло на денешниот натпревар со Охрид. Против себе имаме квалитетен ривал, што е добро покриен на сите позиции. Клучно ќе биде да одиграме на високо ниво во одбраната, особено ако успееме да ги неутрализираме нивните бекови. Охрид е ривал за почит, но Пролет ќе оди на победа на овој натпревар“, изјави капитенот Ласко Андоновски.

Натпреварот меѓу Тинекс Пролет и Охрид се игра вечерва во 18.30 часот во салата „Македонско Сонце“  во скопската населба Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести