Видео времеплов: Легендарниот дуел Пролет - Вардар од 1975 година

Еден од најлегендарните натпревари во клупската историја на РК Пролет е оној од 1975 година, кога нашиот тим се сретна со РК Вардар во одлучувачкиот натпревар за влез во Првата Сојузна Лига на СФРЈ. Овие два тима тогаш важеа за најголеми градски ривали, водејќи неизвесни битки за победа на сите меѓусебни дуели, негувајќи големо ривалство низ годините.

Натпреварот се одигра на игралиштето „Парк“ кај Зоолошката Градина во Скопје, на трибините се најдоа над 3.000 навививачи од кои повеќе од 80% беа приврзаници на нашиот клуб, кои со зурли и тапани го бодреле тимот на Пролет, за кој настапувале Коруновски, Драган Здравковски, Ристо Трпчевски - Буцо, Марјан Огњановски, Миро Трајковски... На спротивната страна, кај Вардар на голот се наоѓал Ванчо Јовановски, во играчкиот кадар биле Љубомир Савевски - Цевак, Ивановки - Ќумбе, како и клупската легенда на Пролет, Славе Атанасовски - Чаве, за кого ова беше прв меч против долгогодишниот клуб по преселбата во Вардар.

Во беспоштедна битка на теренот, мечот заврши со минимален триумф на противникот, но дуелот остана запаметен како еден од најпосетените ракометни натпревари во тој период.