Петар Ангелов е позитивен на Covid-19

Голманот на Тинекс Пролет, Петар Ангелов - Диви, е позитивен на Covid-19. Нашиот чувар на мрежата не беше во тренажен процес во последниот период поради болки во коленото, но по појавата на првите симптоми Ангелов беше тестиран, по што денеска доби позитивен резултат на Covid-19. 

Иако Ангелов не беше во контакт со соиграчите во последните денови, Тинекс Пролет ги презема сите неопходни чекори, тренажниот процес на првата екипа е прекинат, а за следната седмица е закажано колективно тестирање на сите членови на нашата екипа и на стручниот штаб.

Му посакуваме на нашиот чувар на мрежата што побрзо оздравување и враќање на терените.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести