Блесок на Василевски, рутинска победа над Астраион (32-24)

Второто коло ја донесе и втората победа на Тинекс Пролет во новата сезона, откако рутински беше оправдана фаворитската улога на домашниот натпревар против Астраион за триумф од 32-24. Александар Василевски го одигра својот најдобар натпревар по враќањето по тешката повреда на коленото, со девет гола торпедирајќи го голот на струмичани и предводејќи го Пролет во овој триумф. 

Почетните минути донесоа мали проблеми во нападот, па првиот погодок го постигнавме во петтата минута, кога Палевски го постигна првиот од своите девет погодоци на натпреварот. Како што одминуваше времето играта добиваше на сигурност, првото водство го имавме во 10. минута кога преку Аларов поведовме со 4-3, а цврстата игра во одбраната придонесе на одмор да се замине со предност од 14-10. 

Грубата игра на струмичани придонесе Тасковиќ оправдано да биде исклучен на стартот од второто полувреме, по што експресно следеше серија на Тинекс Пролет и печат на победата. На десетина минути пред крајот Матлиески им даде шанса на помлади, а по мини-серијата на гостите од 0-3 следеше тајмаут, враќање на најдобрите на терен и сигурна победа од „плус осум“.

Александар Василевски беше најдобар поединец на натпреварот со девет погодоци, исто толку постигна и Палевски, додека десното крило Мартин Димов придонее со четири гола во овој триумф.

По двете почетни победи, Тинекс Пролет во следното коло в петок го очекува скопска пресметка со КЛ7 во СЦ „Борис Трајковски“.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар14
2Алкалоид12
3Е. Пелистер9
4Бутел9
5Охрид9
6Тинекс Пролет7
7Прилеп6
8Е. Пелистер 26
9Тиквеш4
10Струга4
11Куманово2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести