Победа над Работнички (28-25) на првиот меч по пауза од пет месеци

Тинекс Пролет забележа победа од 28-25 на денешниот контролен натпревар против Работнички, прва средба за нашиот тим по пауза од повеќе од пет месеци. По одработените подготовки во Маврово, тимот на тренерот Матлиески од денеска почна со одигрување на натпревари со кои ќе ја темпира формата до стартот на сезоната.

Прв ривал ни беше суперлигашот Работнички, а во текот на шеесетте минути (се играа три третини од по 20 минути) Матлиески им даде шанса на сите ракометари да ги покажат своите квалитети. Тинекс Пролет го контролираше резултатот, во првиот период водеше со 10-9, на крајот од вториот период нашиот тим имаше водство од 19-15, а во текот на мечот имавме и предност од шест гола. До крајот на мечот дојде до мал пад на концентрацијата, што придонесе мечот да заврши со само три гола разлика за Тинекс Пролет.

Избраниците на Матлиески утре продолжуваат со контролни натпревари, а за противник ќе го имаат Металург, меч што ќе се игра во салата „Автокоманда“.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6211
2РК Прилеп9
3МРК Куманово5
4РК Радовиш4
5РК Фруит Ленд Борец4
6РК Струга4

Најнови вести

Архива на вести