Успешно финиширани подготовки, следат пет пријателски натпревари

Екипата на Тинекс Пролет успешно ги одработе подготовките во Маврово, на кои тренерот Матлиески имаше можност да ги види на дело сите ракометари кои ќе ги бранат боите на нашиот клуб од стартот на новата натпреварувачка сезона.

Акцентот беше ставен на подобрување на физичката подготвеност по повеќемесечната пауза од терените, а во последните денови се почна и со тактички подготовоки за претстојната сезона. 

Периодот на воигрување допрва следи, па така за наредните денови се закажани пет пријателски натпревари на кои тренерот Матлиески ќе може да го воигра тимот пред премиерниот меч против Јуниор Кисела Вода. На 25 и на 26 август Тинекс Пролет ќе одигра две пријателски средби против Работнички, а за 27 август е предвидена пресметката со Металург.

На 2 септември на домашен терен ќе го пречекаме тимот на Прилеп, а последната контролна средба ќе ја играме на 6 септември против Еурофарм Пелистер.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести