Давор Палевски, нов член на Тинекс Пролет

Давор Палевски е првото засилување на Тинекс Пролет за новата натпреварувачка сезона, откако успешно ги финиширавме преговорите за ангажман на најдобриот стрелец во Супер-лигата минатата сезона. Палевски денеска го стави потписот на договорот со Тинекс Пролет, решавајќи да остане во Скопје по одличната ланска сезона што ја имаше во дресот на Работнички. Левото крило постигна 190 гола на 17 натпревари за овој тим, на негова адреса летово пристигнаа неколку интересни понуди, за на крајот да го избере токму Тинекс Пролет за следна дестинација во кариерата.

Станува збор за играч кој е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија. Палевски беше дел од составот на младинците кои стигнаа до одличното шесто место на СП во Алжир.Пред Работнички нашиот нов ракометар го носеше дресот на Металург, тим за кој настапуваше и во Лигата на Шампионите.

„Задоволни сме што успеавме да доведеме квалитетно засилување кое ќе ја крене играта на Тинекс Пролет на едно повисоко ниво. Го задржавме речиси целиот тим од ланската сезона, а со дополнителното засилување остануваме на вистинска патека и очекуваме пласман во плејофот“, изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.
 

Воедно, Тинекс Пролет не успеа да најде заеднички јазик за продолжување на соработката со Стефан Стојановски, кој неколку години наназад со успех го носеше дресот на нашиот клуб. Му благодариме на Стојановски за неговиот придонес и му посакуваме многу среќа во иднина. 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести