Ласко Андоновски останува верен на Тинекс Пролет

Ласко Андоновски ќе продолжи да го носи дресот на Тинекс Пролет откако договори продолжување на соработката со нашиот клуб. И оваа година како и во претходните сезони за услугите на Андоновски се интересираа неколку суперлигаши, но тој ги одби нивните понуди потврдувајќи ја својата лојалност кон Тинекс Пролет.

„Не е тајна дека сум презадоволен од условите во клубот за кој настапувам долги години. Преговорите траеја кратко бидејќи наша заедничка желба беше соработката да продолжи. Се надевам на успешна сезона и борба за излез во европските купови“, истакна Андоновски.

Во управата на клубот владее задоволство од задржувањето на капитенот и сочувувањето на костурот на тимот и за наредната сезона.

Андоновски е лидер на тимот неколку години наназад и секако дека сме пресреќни што тој ќе остане дел од Тинекс Пролет и во наредната сезона. Го задржавме костурот на екипата, покрај Ласко тука се уште и Ангелов, Аларов, Џонов, браќата Василевски и останатите кои понесоа голем дел од товарот во минатата сезона. Си заминаа само Мартин Поповски, кој има ангажман во странство и Мујиќ, со кого сме во контакт за евентуално враќање назад во нашиот клуб. Нема да брзаме, ќе почекаме уште најмалку петнаесетина дена, по што ќе повлечеме конкретни потези околу потенцијалните засилувања. Исто така, во следните денови ќе разговараме со уште неколку ракометари на кои им се истечени договорите за нивно останување во Тинес Пролет“, вели директорот на клубот, Сашо Огњеновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести