Прекин на натпреварувањето во Супер-лигата

Натпреварувањето во ракометната Супер-лига се прекинува на најмалку 14 дена, беше одлучено денеска од страна на Ракометната Федерација на Македонија како дел од превентивните мерки за заштита од коронавирусот.

Ова значи дека се одложува нашиот последен натпревар од Супер-лигата, на домашен терен со Струга, како и почетокот на плејофот, каде нашата екипа повторно обезбеди пласман за да се бори за излез во ракометна Европа.

СООПШТЕНИЕТО НА РАКОМЕТНАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:


Ве известуваме дека Раководството на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за прекин во период од 14 дена на Националното ракометно првенство во Супер и Прва машка ракометна лига како и натпреварите од Женската ракометна лига.

Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19, како и препораките на Светската здравствена организација за заштита на здравјето и безбедноста, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани.  

Дополнително согласно препораките и забраните од Владата на Република Северна Македонија за превенција од вирусот COVID – 19 , Ракометната Федерација на Македонија донесе претходно одлука со која сите натпревари во младите категории се одложуваат во период од 14 дена.

Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести