Гранитна одбрана и одличен Ангелов - рецепт за победа во Бутел (19-22)

Серијата одлични игри и резултати од стартот на 2020 година продолжи и на денешното гостување против Бутел, во кое Тинекс Пролет благодарение на беспрекорната одбрана и одличниот Ангелов стигна до победа од 19-22. Овојпат стануваше збор за пресметка со ривал со кого ќе се сретнеме и во плејофот, а избраниците на Матлиески целосно одговорија на предизвикот, одиграа беспрекорно во дефанзива и на тој начин му се реваншираа на Бутел за поразот на домашен терен во првиот круг од сезонава.

Од самиот почеток стана јасно дека одбраните ќе го имаат главниот збор и на овој, како и на сите досегашни дуели меѓу овие два скопски ривали. По седум минути игра резултатот гласеше 1-1, период во кој не искористивме и еден седмерец преку Мартин Поповски. Одбраната на чело со Ангелов функционираше беспрекорно, а во моментите кога не одеше во нападот одговорноста ја презеде Мујиќ, постигнувајќи три погодоци во периодот од 9. до 16. минута. Бутел имаше минимална предноста во првите дваесетина минути, но потоа Тинекс Пролет направи пресврт, па благодарение на капитенот Андоновски поведе со 8-10, за на одмор да се замине со 10-11.

Клучен беше ударот што нашиот тим го зададе на самиот почеток од второто полувреме, кога Поповски (два) и на Андоновски експресно поведовме со 10-14. Тајмаутот на домашниот стратег не вроди со плод, избраниците на Матлиески продолжија со перфектното издание во одбраната, не дозволувајќи им на домаќините во ниту еден момент да се понадеваат на камбек, за на крајот заслужено да се слави со конечни 19-22.

Ласко Андоновски беше прв стрелец со седум погодоци, шест постигна Мартин Поповски, додека Мујиќ го заврши мечот со четири постигнати гола. Тинекс Пролет во последното суперлигашко коло го дочекува тимот на Струга, по што ќе следи настап во плејофот и битка за излез во ракометна Европа.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести