Поповски: Влеговме во плејофот, но сега и апетитите се зголемија

Мартин Поповски повторно беше меѓу најдобрите поединци во таборот на Тинекс Пролет и на гостувањето против Радовиш, давајќи значаен придонес во триумфот со кој беше осигуран пласманот во плејофот. 

Во натпреврот влеговме максимално сконцентрирани и фокусирани на нашата цел, а со таков пристап резултатот не можеше да изостане. Го заверивме местото во плејофот, што беше наша прва цел за сезонава. Пресуди стартот на второто полувреме, кога успеавме да се одлепиме и да го откажеме противникот“, истакна Поповски.

Македонскиот репрезентативец го поздрави засилувањето на играчкиот кадар со потпишувањето на договори со голманот Петар Ангелов и бекот Ѓуро Мујиќ.

„Со овие двајца ракометари добивме на искуство и на квалитет на двете позиции од тимот кои не беа најкритични во првиот дел од сезоната. Сепак, со тоа се зголемуваат и апетитите за остатокот од сезоната. Ни останаа уште три кола од Супер-лигата, во кои ќе настојуваме што подобро да се воиграме до крајот на сезоната. Потоа, во плејофот ќе се обидеме да се избориме за место во европските купови за следната сезона, уште една зацртана цел пред нас“, вели Мартин Поповски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6217
2РК Прилеп13
3МРК Куманово11
4РК Радовиш10
5РК Струга8
6РК Фруит Ленд Борец0

Најнови вести

Архива на вести